За нас

Тера Фруктус-дооел-Неготино е основана како друшто за произвотство , трговија и услуги од страна на Г. Љубе Темелков.

Главната дејност на оваа компанија е купопродажба, производство, пакување, преработка и дистрибуција на земјоделски производи.

Со оглед на сезонската природа на земјоделските производи,активностите на компанијата варират во зависност од годишното време.

Производство, купопродажба и пакување, и дистрибуција на градинарски производи (домати, зелка, краставици, компири, кромид и др) и овошје (грозје,  праски, јаболка, слива, лубеници, нектарини и др.)
Компанијата,исто така, се бави со увоз,извоз и реекспорт на разни производи, претежно агруми (лимони, портокали, мандарини), киви, јаболка, праски, нектарини, сливи, кајсии и друго овошје,како и видови овошје кои не се одгледуват тоест не виреат во Македонија.

Основана како приватна компанија Тера фруктус - Неготино прераснува во една од водечките производители и извозници на земјоделски производи во Македонија.

Нашата цел е да се задоволат потрошувачите во поглед на големината,амбалажата и квалитетот на производот со тоа што тој ќе стигне на пазарот во својата најдобра состојба.