Маџун природен лек и храна од Тиквешијата Маџунот е 100% концентриран гроздов сок природен анти оксиданс,природен лек и енергенс со оргинален слатко киселкаст вкус и арома.Бил добро познат и на нашите предци, со благотворно дејство врз човечкото здравје.Приказната за маџунот е стара колку и грозјето, а во Тиквешијата традиција повеќе од 2000 години.
Маџунот содржи природен антиоксиданс, ресвератрол,супстанци кој ги заштитуваат клетките од штетното дејство на слободните радикали кој спаѓа во групата на полифеноли го има во лушпата на црното грозје.Маџунот содржи структура на шеќери од кои 50% гликоза (гроздов шеќер) и 50% фруктоза(овошен шеќер), богат е со хидросолубилни витамини(B1,B2и C),минерали(k,Nа,Cа,P,Fе),танински материи,флавоноиди и органски киселини(винска,јаболкова, лимунска).
Се препорачува за имунолошкиот систем кај деца,рековалесцентни,постари лица со зголемен психофизички напор,спортисти,како и кај оние со зголемено ниво на триглицериди.